СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Теренец за секој ден, ама не за секого (видео)

Со лансирањето на Maybach GLS, Mercedes сака да ги освои оние кои имаат потреба од секојдневно движење, притоа покажувајќи го нивото на успех што го постигнале во животот.

Такви во светот ги има сé повеќе – според истражувањата на пазарот во 2018 година глобалниот сегмент ултралуксузни SUV модели изнесувал 7.500 примероци, но позначајно е тоа што до 2023-тата треба да нарасне на 20.000, од кои 75 отсто во САД и Кина.

Затоа и сега е вистинскиот момент за пазарно лансирање на овој модел кој беше претставен лани токму таму – во Кина.

Фабриката на Mercedes во Алабама започна да го произведува во септември, а првите количини ќе бидат испорачани на дилерите во декември.

Тие нема да се мачат многу да ги продадат иако со основната цена од 161.550 долари која е повеќе од двојно поголема од онаа на GLS 450, тој е најскапиот сериски теренец кој било кога се продавал во Америка.

Тоа за Mercedes значи и добар профит, посебно ако се смета дека помал број примероци од Maybach GLS ќе бидат продадени по оваа цена, а повеќето од нив ќе се доближат до 200.000 долари колку што чини топ-опремената верзија.

Сите тие ќе добијат специјално развиен 4,0 литарски твин-турбо V8 мотор со 550 KS, спарен со 48-волтен стартер-генератор кој додава уште 21 коњска сила.

Опременоста нема да ја дискутираме, тоа нека остане ексклузивитет на оние на кои им треба ваков теренец за секој ден.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео