СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Сурфање на интернет додека се вози – најопасно дејствие против безбедноста!

 

Пред извесно време пишувавме против користењето на мултимедијалните системи за време на возење. Потврда на нашето тврдење дојде од студијата на Британската агенција за безбедност на патиштата IAM RoadSmart.

Најпрвин да ја повториме тезата која ја застапуваме: користењето на мултимедијалните системи (со функции кои се командуваат преку екрани на допир) е опасно дејствие кое сериозно ја загризува безбедноста. (Мултимедијални системи – потреба или помодарство)

Потврдата на оваа теза доаѓа од Британската агенција за безбедност на патиштата IAM RoadSmart која е формирана во 1956 година, а на Островот ужива висок углед и репутација.

Од спроведената обемна студија ќе се задржиме само на неколку факти: ако при возење го користиме екранот на допир, се случуваат интервали подолги и од 15 секунди кога воопшто не гледаме на патот.

Колку за споредба, во случај на алкохолизираност на возачот од 0.8 промили (толку е дозволената граници во Британија) реакцијата на возачот е за 12% поспора. Консумирањето на канабисот ја успорува реакцијата за 21%, пишувањето пораки за 35%, додека разговорот преку мобилен за 46%. И сега внимавајте: користењето на мултимедијалниот систем (Infotaiment) го зголемува времето на реакција за 53 do 57%.

Што значат овие бројки за безбедноста на сообраќајот е излишно да се коментира. За да состојбата биде уште поалармантна, „сурфањето“ при возење не е забрането со закон во ниту една земја. И сето тоа во време кога веќе и не постои нов модел, со централен гребен на чија средина не се кочепери екран чувствителен на допир со безброј конективни можности и функции.

За да се стави крај на оваа крајно опасна појава, не е доволно само да се воведат санкции – настрана што откривањето на користење на мултимедијалните системи е моше тешко изводливо – туку потребно е широка акција за едукација на возачите. И укажување на последиците, секако!

Свој придонес би можеле да дадат и осигурителните компании кои ако со експертиза при сообраќајни незгоди окријат корисење на уредите, можат едноставно да ги поништат сите бонуси.

   

 

 текст: Агрон Сулејман

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг