СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Сопствениците на Peugeot 208 повторно повикани на сервисна интервенција

 

Автомобилот на годината во Европаза 2020 година, Peugeot 208 сеуште не може да се ослободи од дестските болести.

Проблеми со управувачот

Примероците на новиот Peugeot 208 што се произведува во фабриката во Кенитра, Мароко кои се произведени во периодот од 3 до 31 декември 2019 година ќе мора да минат низ сервисна контрола.

Повикот за сервис е направен од страна на системот за предупредување на Европската комисија по информацијата добиена од Германија.

Во објаснувањето се вели дека „управувачот може да не е произведен според спецификациите. Ова може да резултира во дефект на управувањето и губење на контролата над возилото, со што се зголемува ризикот од несреќа“.

Фабриката во Мароко е отворена лани во јуни месец и во неа се вложени 557 милиони евра, а максималниот годишен капацитет изнесува 200.000 возила. Од оваа фабрика ќе излегуваат возила што ќе бидат испорачувани во 80 земји.

Моделот Peugeot 208 се произведува уште и во Франција како и во фабриката во Трнава, Словачка.

 

И со тркалата

Само недела дена потоа до сопствениците стигнува уште еден повик за интервенција во сервисните центри.

И повторно се работи за моделот 208, ама овојпат за возилата произведени во матичните погони, во Франција.

Се работи за модели произведени во периодот од 29 јули до 2 декмеври 2019 година а како проблематична позиција се тркалата.

Во објаснувањето од Европската комисија од каде стигнува предупредувањето се вели: „Предниот дел од куќиштето на тркалата може да не се доволно прицврстени. Како резултат, тие може да отпаднат во текот на движење, што претставува ризик за сообраќајот“.

Првите пријави за недостатокот стигнале од Германија, но возила со проблематични тркала се пронајдени и во Ирска, Полска и Словенија.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV