СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Службено претставен Dacia Sandero Stepway

 

Со два турбо бензинци, два менувачи, две врсти на гориво и три пакети на опрема настапува целосно новиот Sandero Stepway. Цените започнуваат од 11.950 евра.

Нискобуџетскиот член на Renault семејството станува високопрофитабилен. Dacia е барана во сите делови на Европа, па јасно е зошто новите модели добиваат толкаво внимание од французите.

Во случајот на Sandero, кој во вкупната продажба на Dacia учествува со цели 65%, конструкторската екипа вложува посебни напори за да се понуди голема количина на „автомобил“ а цените сепак да се задржат на пристојно ниво.

Токму затоа Sandero Stepway се поставува врз новата корпорациска CMF (Common Module Family) платформа со меѓуоскино растојание од 260 cm.

Моторната понуда се состои од трицилиндерски турбо бензинец од 1.0 литри, кој во основна конфигурација ослободува 90 коњи.  Тој може да се комбинира со шест степенски рачен или пак со безстепенски, CVT менувач.

Посебно интересна е 1.0 ECO-G 100 верзијата која има фабрички вграден плински уред со резервоар за гас од 40 литра. Во овој случај моторот е навијен на 100 КС па оттука и разликите во перформанси во споредба со моторот кој работи само на бензин.

Интересен е податокот кој говори дека доплатата за автоматски менувач е поголема отколку за вградениот плински уред и додатни 10 коњи во моторот.

Без разлика на моторната варијанта обликот на Sandero Stepway е збогатен со стилски елементи кои ја красат целата гама на Dacia.

Современиот облик има и своја содржина која се огледа во сериски вградената безбедносна опрема каде што е вклучен и радарски сензор за автоматско сопирање на возилото.

Спредбата со претходникот ги истакнува сите бенефити кои ги носи современата технологија, а пред се новата платформа која сега е поцврста но и полесна од порано.

Sandero Stepway се нуди во три основни пакети Access, Essential и Comfort а цените се поставени помеѓу 11.950 и 15.250. Да секако, овие цени и тоа како се конкуренти во моментов.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг