СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Скопје-Битола-Скопје со Peugeot 508

 

Во организација на „Еуроимпекс“, регионален и домашен  импортер за Peugeot возилата, имавме можност практично да се увериме во капацитетите на новиот Peugeot 508.

Четири прекрасни примероци на новиот Peugeot 508 нестрпливо чекаа пред салонот на „Еуроимпекс“ за да ги одведат стручните новинари, од Скопје до градот на конзулите, Битола.

Две бензиски опции со 180 и 225 КС заедно со два дизела со 160 и 180 КС беа подготвени за демонстрирање на дел од своите капацитети. Велиме, дел, затоа што можностите на оваа ергела далеку ги надминува законски дозволените брзински лимити.

Без разлика на тоа, прекрасно извајаното (475 cm) долгото  тело, уште со првите поминати километри дава до знаење дека се управува со автомобил пред кој стои светла иднина.

Најпрвин седнавме во најскромниот дизел со „Allure“ ниво  на опрема. Дизелот со два литра работен волумен одамна ги има заслужено епитететите, доверлив и штедлив.

За служба во третата декада од векот тој е преработен за исполнување на еколошките норми кои допрва ќе стапат на сила. Како и останатите варијанти, и кај 160-коњскиот агрегат, менувачот е автоматски со осум преносни односи.

Периодичното менување на останатите варијанти го зацврстуваше првичниот впечаток, па пристигнувањето во Битола со GT бензинецот од 225 КС беше во стилот на пријатели кои одамна се познаваат.

А, таму пак, бевме срдечно пречекани од персоналот на новиот дилер на Еуроимпекс, компанијата „365 Ауто“.

По разгледување на продажно сервисниот центар кој од неодамна започна да нуди комплетни услуги на купувачите од Битола и регионот, следеше одмор за ручек на Широк сокак.

Враќањето назад и возењето на двете преостанати верзии присутни во караванот, значеше потврдување на одличното искуство.

Без ралика кој мотор е под хаубата, внатрешноста изградена како осовременета варијанта на стилот најавен уште од претходните модели, чувството зад управувачот е навистина уникатно.

Ако на (екстремно) малиот волан, над кој се гледа електронската табла со инструменти, корисниците веќе имат навикнато, тоа сигурно не може да го кажеме за архитектурата на предната конзола.

Кај неа средишно сместениот LCD ги пружа сите информации и служи за активирање на секундарните команди.

Останатите прекинувачи функционираат на допир, бараат кратко привикнување, но што е најважно, во средната автомобилска класа внесуваат голема доза на оригиналност.

Патот до Скопје ни помина во пријатен разговор со колегата кој се одвиваше во амбиент без механички вибрации, тивко и ослободени од секаков вид на грижа околу безбедноста и стабилноста.

На крајот, по пристигнувањето, следеше најмалку убавиот момент – мораше да ги предадеме клучевите од возените 508-осмици!Пријатните возни искуства, секако ќе останат наши!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг