СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Се конкретизира соработката меѓу Volkswagen и Ford

 

Задржувајќи го поставеното темпо за обновување на гамата, комерцијалното одделение на Volkswagen ги најави новите Amarok и Multivan.

Тие овојпат ќе бидат конструирани, развиени и произведени заедно со Ford, конкретно на основа на Ranger и Transit.

За Amarok веќе се знае дека Ford ја обновува својата фабрика во Јужна Африка каде ќе се произведува за Volkswagen за целиот свет.

За Multivan односно Transit сé уште се чекаат деталите, но затоа е познато дека VW на основа на Caddy за Ford ќе го развие и произведува Transit Connect.

Од оваа нивна соработка Ford уште ќе ја добие и MEB платформата на која за европскиот пазар во својата фабрика во Келн ќе произведува електрични возила.

Сите овие возила треба да се појават најдоцна за две години.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот