СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Редизајнираниот Citroën C3 Aircross понуден на домашниот пазар

 

Достапен по почетна цена од 16.190, C3 Aircross ги задржува сите досегашни генетски обележја притоа ставајќи додатен акцент на естетскиот настап.

Citroën секогаш е посебен. Поготово во визуелизацијата на моделите, а неретко и во примената на уникатни технолошки решенија.

Кај освежениот C3 Aircross – кој инаку припаѓа на кросеверите од Б-сегментот – освен познатиот пристап дизајнерите инсистирале на стекнување на моќен изглед.

Малку изненадувачки, но мора да се признае дека во голема мера успеале во намерата, иако ниту претходно C3 Aircross не оддаваше впечаток на некој ненахранет урбан тип.

Понудата на 70 можни варијации на изгледот при што се комбинираат надворешните бои, визуелните пакети и боите на внатрешноста, се силен адут во рацете на продавачите.

Подигнатоста од тлото во заедно со безмалку хоризонтално и високо сместениот капак на моторот им овозможиле на конструкторите примена на архитектура во која ќе доминира француското сваќање на комоцијата.

Притоа особено е внимавано на големите стаклени површини кои овозможуваа силен продор на светлина во кабината. А тоа секако, годи.

Бројките за вкупната должина од 416 и растојание помеѓу оските од 260 cm го сместуваат во срцето на градските кросовери, но багажниот простор од 520 литри (при максимално померена задна клупа нанапред од 150 mm) звучат прилично ветувачки.

Потребата од поголем простор за патниците на задните седишта го намалува багажникот на сеуште респектабилните 410 литри.

И додека сме сеуште во внатрешноста да ги споменеме и новитети преземени од поголемите браќа кои се однесуваат на организацијата на просторот, варијабилноста но и на новиот 9-инчен екран на допир кој сега има поедноставени и попрегледни команди.

Механичката секција е веќе докажана: системот Citroën Advanced Comfort ќе се погрижи за целосно уживање кое впрочем се очекува од секој Citroën.

Без изненадување протекува и запознавањето со моторната понуда. Бензинците од PureTech серијата ќе овозможат ослободување на 110 односно 130 КС, додека BlueHDi дизелите се за по десетина коњи послаби, односно 100 и 120 КС.

Посилните варијанти може да бидат прикопчани на автоматски менувачи со 6 преносни односи додека поскромните верзии ќе се задоволат со рачни менувачи.

Корпорациските системи за безбедност се ставени на располагање, но уште во основниот пакет (вкупно ги има три на број) на купувачите им се става на располагање доволна долга листа на опрема.

Цената на основниот модел е поставена на прилично коректните 16.190 евра, цена во која е вклучен и акциски попуст од 1.000 вера.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг