СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Анализи

Продажбата на нови возила во пораст, користените помалку интересни

 

Според Царинската управа, во однос на 2021 година, бројот на увезени нови патнички автомобили лани бележи пораст од  52% со истовремен пад на користените од 48%.

Цените на новите возила бележат постојан пораст, а по системот на врзани садови се случува зголемување на цените и кај користените возила.

Причините за големите преструктуирања на пазарот се многупати до сега елаборирани.

Воглавно се говори за недостаток на компоненти за прво вградување, а во сенка на пандемиските последици падна можеби и главната причина – технолошката револуција.

Актуелните европски и светски случувања како да не се однесуваат на нашиот пазар. Сé што минатата година беше увезено, се продаде.

И тоа при хроничен недостаток на возила. Само во последниот квартал од 2022 некако успеа да се помири гладта за нови возила и понудата.

Пред да ги споредиме бројките, да истакнеме дека податоците се преземени од службената страна на Царинската управа. Тоа се бројки на увезени патнички автомобили, што не значи дека истите се и продадени.

А од искуство знаеме дека домашните компании кои се бават со продажба на нови автомобили често знаат да направат и реекспорт на увезените возила, а за таа бројка податоци едноствано немаме.

Оградувањето од вистинските продажни бројки на користените возила е од чисто практични причини – никој не може да гарантира дека увезените возила се и продадени.

Едноставно некои од нив сеуште чекаат на својот нов сопственик паркирани на многубројните продажни плацеви.

Овие појави не се никаква новина, па затоа и можеме да се повикаме на единствениот релевантен извор на податоци, односно на Царинската управа.

Се разбира дека постојат и попрецизни методи за утврдување на продажните бројки, но тоа е некоја друга (сосема необјаснива) тема!

 

Увозот на новите возила во силен налет

Минатата година се увезени вкупно 35.458 патнички автомобили од кои 8.790 се нови, а бројот на користени е застанат на цифрата од 23.381 автомобили.

Во однос на 2021 година, кога беа вкупно импортирани 44.712 возила тоа значи намалување од поприлчни 26%.

Интересно е притоа што бројот на новите автомобили е зголемен за 52%, додека користените автомобили бележат пад од 48%.

Од бројките може да се извлечат одредени заклучоци, како што е на пример тој дека интересот за нови автомобили е золемен за половина, а за отприлика истиот износ е намалено купувањето на користени автомобили.

Во најмала рака тоа е некој чуден феномен, а пред се спротивен на европските трендови. Но, говориме за нашиот пазар кој уште еднаш се покажува во поинакво светло од очекувањата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Анализи