СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Половина век од појавувањето на Opel Ascona и Manta

 

Универзалната Opel Ascona и нејзината спортска изведеница Manta се појавија точно пред 50 години правејќи ја средната класа достапна за широката публика.

Opel Ascona (1970)

Во 1970 година, Opel ја револуционизира средната класа. Opel Ascona беше прототип на спортска лимузина забавна за возење со кратки превеси и со одлично управување.

Ascona беше привлечнa за око во најразличните облици – како спортска со две, лимузина со четири врати или како прв лајфстајл караван. Круна на шитоката гама беше спортската, Manta.

Елегантното купе ја делеше истата технологија како и Ascona, правејќи ја достапна за голем број клиенти. Со Manta, германскиот бренд донесе уште еден автомобил од соништата на пазарот, само две години по Opel GT.

Ascona и Manta го следеа GT преку Атлантикот и беа успешно продавани во САД – меѓународна кариера што ја постигнаа само неколку модели на Opel. Денес тие се многу барани од колекционерите и се вреднуваат далеку повисоко од нивните цени кога беа нови.

Понудата на Manta започна со 1.2 литри со 60 КС, во 1972 година, а во ноември истата година следеше луксузно опремена Manta Berlineta.

Стандардната опрема вклучуваше спортски управувач, греeње на задното стакло, халогенски фарови, електрични бришачи за ветробранско стакло и покрив изработен од винил.

Петгодишното производство беше збогатено со бројни варијанти на специјални модели

– „Holiday“, „Plus“, „Swinger“ и „Summer Bazar“ комбинираjќи ги дополнителните спецификации на пазарот со умерени цени. Manta GT/E придвижувана од 105 КС, 1.9-литарски мотор со Bosch L Jetronic вбризгување на гориво, се појави во 1974 година.

Трендот кон матирана наместо хромирана опрема продолжи со Manta GT/E. Последниот специјален модел пристигна во 1975 година, непосредно пред дебито на Manta B. „Black Magic“ темелен на GT/E беше обоен во црно со портокалови ленти на страничните делови.

Manta беше нова, паметна и спортска, и беше совршено вклопена. Атрактивните купеа во кои можеа да седат четири лица, беа многу популарни. Индивидуалноста беше многу барана, формата и линиите на Manta беа токму она што го бараше пазарот.

Во првата цела година на продажба, Оpel продаде 56.200 примероци од Manta, a вкупно се произведени 498.553 возила. Платформата, суспензијата и моторите ги делеше со Ascona.

Нов член на семејството на мотори беше 1.6 со 68 КС, со 80 КС во S верзијата. Најмоќниот мотор во Manta беше четирицилиндричниот 1.9 S со 90 КС, што исто така го користеше Opel Rekord.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Opel

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот