СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Платформите на електричните возила се инспирирани од обликот на обичен „скејтборд“

 

Развојот на електричните возила диктира потреба од развој на целосно нови платформи. Кај најпопуларните модели доминираат изведбите кои се базираат врз дизајнот на обичен скејтборд.

Поедноставно возило на четири тркала од скејтборд не постои. Токму овој факт го користат инженерите за развој на шасии за електричните возила.

Ништо поедноставно и не може да се замисли, а обликот на коросериите што потоа се надоградуваат, зависи само од инвентивноста на дизајнерите.

На почетокот на равојот на возилата кои се движат само со помош на електрична енергија, се користеа постојните платформи од автомобили кои користеа класични мотори на фосилни горива.

Во користењето на овој пристап на почетокот не отстапуваше ниту Tesla кој за развој на својот Roadster ја употреби посотечката шасија од Lotus Elise.

Набргу се покажа дека овој систем тешко може да ги искористи сите предности на електричниот погон, па за развој на Tesla Model S, конструкторскиот тим предводен од Франц фон Холцхаузен и Жером Гуилен тргнаа од бел лист хартија. Но сепак, повторно во фокусот беше дизајнот на скејтборд.

Тоа подразбира сместување на сетот батерии во подницата и електромотор вграден на средина од задната оска.

Прилично едноставно и ефикасано решение кое ќе се покаже и доволно флексибилно за да може да послужи како основа за вградување на по еден електромотор на двете оски.

Тоа пак значеше подобрување на возните особини овозможени од интегралниот погон. Каросериските доградби на оваа платформа зависеа само од имагинацијата на дизајнерите.

Во секој случај, одличните возни својства кои се должат на ниското тежиште овозможено од вгардување на релативно тешките батерии во подницата, даваат многубројни можности.

Во истиот тој правец размислуваат и повеќето останати светски производители кои развија посебни шасии (со вложување на големи средства) исклучиво за електрични возила.

Но, на пример во PSA групацијата, нуди цела серија возила кои можат да користат бензиски или дизел мотори, но исто така и само електромотори.

Примерот на технолошките близнаци, Peugeot 208 и Opel Corsa е доста илустративен. Неколку години пред нив Hyundai употреби идентична стратегија нудејќи го Ioniq како хибрид, плагин хибрид или како чисто електрично возило.

Во суштина говориме за два типа на шасии: едните се исклучиво наменети за електрични возила (Tesla, Volkswagen Group, Mercedes-Benz, алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, BMW, … ) а наспроти нив стојат гореспоменатите „универзалци“.

Дали во иднина сите ќе го прифатат системот „скејтборд“ или пак ќе продолжи дизајнирањето на универзални платформи (како економски поисплатлива опција) набргу ќе покаже времето.

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Nissan, Tesla, Audi

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV