СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Од 2023 година Volkswagen ќе нуди само автоматски менувачи

 

Започнувајќи од 2023 година новите модели на VW ќе се нудат само со автоматски менувачи.

Третата генерација на Tiguan ќе биде првиот модел на Volkswagen кој ќе биде понуден само со автоматска трансмисија. По него на ред ќе дојде популарниот Passat во кој исто така нема да се вградуа рачен менувач.

Така да, со пристигнувањето на секој иден модел, отсуството на мануелната трансмисија ќе биде се поевидентно.

Трансформацијата ќе трае до крајот на деценијата, кога Volkswagen на пазарот ќе биде присутен само со електрични возила.

Познато е дека електричните возила секако немаат класични менувачи туку едностепени преноси.

Со оваа одлука, Volkswagen му се придружува на  Mercedes-Benz кој претходно исто така објави дека ги исфрла од употреба мануелните менувачи.

Според анализите на маркетинг агенцијата JATO, кои ги пренесува auto-motor-und-sport.de, на европскиот пазар моментално се нудат 5.838 модели од кои само 1.870 се опремени со класични, мануелни менувачи.

Во тој поглед, структурата на Volkswagen ни открива дека од вкупно 353 модели кои се состојат од 15 моделски линии, во вкупно 214 (речиси 2/3) се вградуваат само автоматски трансмисии додека 139 сеуште се нудат ис со рачни менувачи.

Ако се погледне моменталниот однос, на пример кај Passat, тој ни покажува дека од вкупно 29 верзии, 8 од нив доаѓаат со рачни менувачи додека 21 модел се со автоматици.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот