СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Од 2020 Opel Vivaro-e ќе се нуди и во електрична изведба

Офанзивата за електрификација на Opel продолжува: од 2020 година, Opel Vivaro ќе се нуди и како чистo електрична верзија.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу две големини на батеријата, во зависност од потребите.

Новиот Opel Vivaro-e ќе биде достапен со батерија од 50kWh за опсег до 200 километри или батерија од 75kWh до 300 км, мерено според  WLTP.

Испораките без емисии стануваат се поважни во урбаните области и побарувачката за чисто електрични лесни комерцијални возила соодветно ќе порасне.

Vivaro-e е изградено врз варијабилната EMP2 платформа, која овозможува употреба како на конвенционални така и на електрифицирани погони. Vivaro-e го проширува опсегот на Opel и на полето на ефикасните лесни комерцијални возила. Следниот електричен LCV – Opel Combo-e ќе пристигне во 2021 година.

„Опел оди на струја. Сите модели на Opel ќе бидат електрифицирани до 2024 година“, изјави Мајкл Лохшелер, Извршниот директор на Opel.

„Клиентите потоа ќе можат да изберат електрична варијанта од секој модел. Електрифицираните LCV возила ќе бидат особено важни во урбаните реони, на пример, како превоз на луѓе или возила за испорака.

Затоа јас сум многу среќен што Vivaro-e веќе ќе стане достапен следната година, додека електрифицираните верзии на Opel Combo Life, Combo Cargo и Zafira Life ќе пристигнат во 2021 година“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV