СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Обновен Dacia Duster [видео]

 

Не е толку стар но во Dacia (всушност Renault) проценија дека е време да го модернизираат Duster за да и понатаму остане конкурентен.

Визуелните промени на обновениот Duster ги опфаќаат изменетите маска, браници, предни и задни светла, хаубата, тркалата и новиот заден спојлер, а доби и поширока палета бои.

Внатрешноста е модернизирана со нов инфо-забавен систем со 8-инчен екран (и два USB порта и Android Auto и Apple CarPlay кај поскапите верзии), изменети седишта, поширок наслон за раце напред, а употребени се поквалитетни материјали.

Во гамата мотори што ја нуди Dacia најинтересен е бензинскиот TCe150, кој во верзијата со погон на предните тркала може да се спари и со 6-степен менувач со двојна спојка.

Основата на понудата ќе бидат TCe 90 и TCe 130 бензинците и dCi 115 дизелот, со 6-степен мануелен менувач и освен за послабата бензинска варијанта со погон на сите четири тркала.

Покрај нив, купувачите ќе можат да се одлучат и за Duster Eco-G 100 кој на местото на резервното тркало има 50-литарски резервоар за течен нафтен гас.

Продажбата на обновениот Duster стартува во септември, со нешто повисоки цени отколку сегашните.

 

* Неколку интересни факти за Dacia Duster

  • Фабриката на Dacia во Миовени во Романија неодамна го произведе 2-милионитиот примерок на Duster
  • Првата генерација на Duster е претставена во март 2010 година, а актуелната втора генерација во септември 2017-тата
  • Од досегашното производство на Duster 93% од возилата го носат логото на Dacia а останатите на Renault
  • Во моментов во Миовени се произведуваат околу 930 примероци од Duster дневно
  • Повеќе од 90% од производството на Duster се извезува во 44 земји
  • Потполно новата трета генерација се очекува во 2024 година

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео