СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

НОВИОТ RANGE ROVER SPORT ПРЕТСТАВЕН ВО МАКЕДОНИЈА

 

Со екслузивен настан во просториите на продажно-сервисниот центар на Jaguar Land Rover во Скопје премиерно беш прикажан новиот Range Rover Sport. 

Исто како и на светската, новиот Range Rover Sport со импресивен настап дебитираше и на македонската сцена.

Видео прилогот снимен во Илсанд, на најголемата брана во светот, на најдобар начин го отслика импресивниот карактер на новиот Range Rover Sport.

Тој се спротистави на напливот на водата што тече со брзина од 750 тони во минута искачувајќи се по канал со должина од 193 m. Со тоа се  демонстрираше неговата цврстина, влечна сила, перформанси и смиреност во екстремни услови.

Новиот Range Rover Sport плени со уверливиот карактер: моќен, драматичен, бескомпромисен,… со повеќе став од кога и да е. Својства кои недвосмислено асоцираат на моќ, перформанси и агилност.

Ја прифаќа редукциската природа на филозофијата за модернистичкиот дизајн, додека ги воздигнува клучните состојки на неговите гени.

И во внатрешноста модернистичката филозофија продолжува, создавајќи баланс помеѓу одмерената воздржаност и емоционално изменетиот ангажман на возачот. Новиот Range Rover Sport го редефинира спортскиот луксуз во вистинска смисла.

Без разлика на условите, новиот Range Rover Sport држи сè под своја контрола. Под површината изобилува со најсовремена технологија за справување со секаков терен но и технологија за поврзан, прeфинет, модерен луксуз.

Најновиот и најдобар електричен плаг-ин хибрид е погонски систем како ниеден друг.

Целосно електрична способност, за речиси секое патување, бидејќи може да се поминат повеќе од 80 km со едно полнење.

Електрифицираниот плаг-ин хибрид вграден во него најавува спортски перформанси: 510 КС системска моќност овозможуваат забрзување од за само 5,4 секунди.

За целосна контрола на возилото се грижи динамичното воздушно потпирање, нова технологија што содржи воздушни пружини, со по две воздушни комори.

Системот го одржува возилото во брзите свиоци и при нагло забрзување или сопирање, а погонот на сите тркала реагира побрзо и непречено, секогаш кога ќе се сврти управувачот.

Новиот Range Rover Sport е подготвен за секаков вид предизвици. Пионерската архитектура на Land Rover MLA-Flex и најновите системи за контрола на шасијата се ставени во функција за испорачување на највисокото ниво на динамика што досега е виден кај Range Rover Sport.

Резултатот е најпривлечниот и највозбудливиот Range Rover Sport досега, кој македонската публика ексклузивно има можност одблиску да го запознае во салонот на Automobili Group.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг