СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Најголемиот билборд на светот е …

 

Огромниот билборд за новиот Ford EcoSport во Мадрид, Шпанија кој беше изработен за промоција на EcoSport на европскиот пазар, влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Ford официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди за поставен најголем билборд во светот, откако го откри рекламниот постер за своето најново теренско возило Ford EcoSport кој се простира на вкупна површина од 5.265 м2

Тоа е еквивалентно на 20 тениски игралишта, а е поставен на исконската зграда „España“ во центарот на Мадрид, Шпанија.

По деталната проверка на инсталацијата, судијата на Гинисовите рекорди и официјално потврди дека се работи за најголемиот билборд во светот, кој го надмина претходниот рекорд во Дахран, Саудиска Арабија.

„Титулата за „најголем билборд“ во Гинисовата книга на рекорди ја демонстрира креативноста која ја движи нашата компанија“, рече Елена Бургете, директор на маркетинг во Ford, Шпанија.

Билбордот беше поставен до крајот на февруари, по што ќе биде дониран во центарот за вработување лица со посебни потреби на Фондацијата „Апаскови“, преку која ќе им се даде втор живот на сите употребени материјали.

Инаку, „дигитално“ билбордот тежи 68 GB, за негова изработка беа потребни 65 часови дизајнерска работа и беа употребени вкупно 50 фотографии, а за неговото печатење беа потрошени 30 литри мастило и вкупната тежина на платно од 2.000 килограми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно