СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Место да му го исчистат патот, го затрупале со снег! [видео]

 

И тоа се случува – Кевин Кресен од американската сојузна држава Њујорк ќе има што да раскажува на внуците.

Овој 58-годишник се нашол во ситуација која нема да изгледа веројатна ниту во филмско сценарио, кога камионот за чистење снег место да му го исчисти патот, го затрупал.

Тој бил паркиран покрај патот кога очигледно со поголема брзина поминал камионот на змиската служба чиј возач без да забележи дека некој има во возилото, нафрлал врз него 1,2 метри снег.

Попусти биле обидите на Кевин сам да излезе од автомобилот, а бељата да биде поголема тој заради дефект на возилото заради кој застанал, не можел ни да го стартува моторот за да се згрее.

Сепак успеал телефонски да повика полиција, на која заради големите количини снег покрај патот им требало цели 10 часа да го најдат.

Тоа им пошло од рака дури следното утро, и тоа случајно, кога еден полициски службеник проверувајќи ги куќните броеви почнал да копа под снегот барајќи го поштенското сандаче и го нашол затрупаниот несреќник, кој сега се опоравува во болница.

За да ви стане појасно како сето ова можело да се случи, погледнете го видеото како Американците чистат снег.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео