СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Летечкиот автомобил доби дозвола за возење [видео]

После серијата интензивни тестирања кои започнаа во февруари, првиот летечкиот автомобил во светот сега може да се вози по европските патишта.

Да лета сé уште не смее, барем не легално – процедурата за тоа ќе потрае уште малку и се очекува да заврши до 2022 година.

Строгите правила на европската агенција за безбедност во авиосообраќајот предвидуваат 150 часа лет и дури 1.200 различни тестирања пред да одобрат овој автомобил да може и да лета.

Според директорот на компанија листата на чекање за PAL-V Liberty расте над очекувањата.

Бројки не споменува, барем не за тоа колкумина досега се решиле да искешираат 499.000 евра без даноци, колку што чини иницијалната Pioneer Edition верзија која ќе биде на располагање на само 90 купувачи.

Останатите ќе можат да го набават за 299.000 евра откако ќе се стабилизира неговото производство кое ќе се одвива во сојузната индиска држава Гуџарат.

Првите испораки се очекуваат идната година.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот