СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Лада Нива во Германија оживеа како Jäger Apal

 

Руското теренско возило, „Сталкер“ базирано на LADA Niva започна да се извезува во Германија под името “Jäger”. Дали е на повидок нов германски Geländewagen?

Lada Niva никако не се предава. Поточно, сите бараат начини да го спасат малиот теренец кој верно служи повеќе од четири децении. Се чини дека Германската компанија Made in Russia GmbH ја пронајде вистинската формула на еликсирот кој ќе овозможи непречен пласман и природно продолжување на животниот век на докажаниот мал теренец.

Првите количини на Jäger Apal веќе го поминаа патот од производителот „Апал“ до германскиот увозник, а до крајот на годината се порачани уште десетици теренци по цена од 19.900 евра.

Веднаш да ја окриеме волшебната формула. Апал е Руска компанија со седиште во Толјати која примарно се бавеше со производство на пластични компоненти за потребите на Lada.

Уште во 2000-та година тие проектираа „Сталкер“, теренец со носечка рамка од челични цевки, поставена на шасијата на Niva. Сите странични панели за „Сталкер“ ги изработуваат од квалитетна лиена пластика која е посебно обработена.

Сето тоа обликувано според дизајнерски терк позајмен од луксузните теренци, пред се од Mercedes G-Class.

Механичката основа од Lada Niva ниту некој сакал, а уште помалку некој би се осмелил да ја менува. Пред се тука е докажаниот погон на двете оски со механички диференцијал и редукција на преносот. Бензинскиот мотор е стар познаник, од 1.7 литри волумен ослободува 82 КС.

Како за теренец наменет за користење на слободното време во природа, перформансите се сосема коректни: забрзувањето до стотка трае пристојни 13,7 секунди а максимумот од 130 км/ч е сосема задоволувачки.

Тежината на празното возило од само 950 kg е заслужна за асфалните постигнувања, а комбинацијата со ниското тежиште за вон-асфалтните капацитети.

Овде би напоменале дека Jäger Apal ги исполнува Euro 6 нормите и веќе е хомологиран за германскиот пазар.

Димитри Шваб, шефот на Made in Russia GmbH уверува дека неговата компанија има потпишано договор со производителот за официјално претставување на Апал за германскиот пазар.

Новото име „Jäger“ (Ловец), потврдено и прифатено од производителот за извозната верзија, многу попрецизно го одразува карактерот и намената на тереноцот. Покрај тоа, на германски јазик името „Сталкер“ носи забележлива негативна конотација и не одговара на самата природа на автомобил за слободно време.

Германскиот увозник планира стабилна продажба од 7 до 10 автомобили „Jäger“ месечно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот