СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Корејскиот бренд SsangYong  отсега во земјава ќе биде претставуван од Аутомакедонија

Генералниот директор на Аутомакедонија, Зоран Дочински и претседателот на корпорацијата „Ратола“, овластен дистрибутер на Корејската марка SsangYong за нашата земја, Васил Баров потпишаа договор за соработка и партнерство.

Со договорот, Аутомакедонија АД Скопје, официјално стана увозник, дилер и овластен сервисер за возилата од програмата на SsangYong за нашата земја. Првите возила се веќе порачани и на пат кон Скопје.

Салонот на SsangYong ќе биде лоциран во продажно сервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода во Скопје (бул. Борис Трајковски бр. 21).

На иста локација ќе биде сместен и овластениот сервисен центар, а официјалните активности се очекува да стартуваат во месец декември, 2019 година.

“ Договорот за соработка со Ратола, го потпишавме со огромно задоволство. Силно сме уверени дека возилата на Корејскиот производител на возила, специјализиран во сферата на SUV моделите, ќе биде одлично надополнување на понудата на Аутомакедонија.

Ќе работиме силно на промоцијата на брендот и неговите вредности на пазарот и ќе дадеме се од себе, да ја освоиме довербата на нашите постоечки и нови клиенти со квалитет и врвна услуга.

Веќе сме во преговори со домашните финансиски институции, возилата на SsangYong да влезат на пазарот и со одлични пакети за финансирање кои ќе им помогнат на нашите граѓани полесно и поедноставно да го направат својот вистински избор.

Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на првите возила и официјалниот старт на активностите на пазарот.” – изјави Дочински.

Гамата на специјализираниот Корејски SUV-бренд се состои од нови модели кои се одлично примени на сите континенти. Најновиот од нив, Korando кој е претставник од „Ц“ SUV сегментот е модел со датум на раѓање, 2019 година. Покрај него се помалиот Tivoli, знаменосецот Rexton a 4×4 дивизијата ја заокружува пикапот Musso.

 

SsangYong Korando

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг