СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Како не треба да се извлекува заглавена кола

 

Како и секој друг автомобил така и Maserati Ghibli има посебно место каде се прицврстува сајлата за влечење – ама кој да знае?

Ништо невообичаено, заглавен автомобил во песок бара помош за извлекување која доаѓа во вид на пикап со капацитетен погон на сите тркала. Возачот на Maserati Ghibli, најверојатно од некои романтични побуди се прошетал до плажата. А кога тргнал назад кон цивилизацијата – заглавил. Веднаш повикал пријатели за да го извлечат, но …

Но веројатно ниту еден од нив немал такви искуства па ја врзале сајлата баш таму каде што не треба, за браникот. Можете да претпоставите помеѓу залетаниот теренец и јадниот браник кој прв попуштил! Штетата и не е така голема, но возилото останало закопано во песокот.

Затоа, пред да се упатите со супер спортист на плажа, не е лошо да се распрашате каде е поставена куката за влечење!

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео