СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Како да се продолжи векот на траење на пневматиците?

 

Иако сосема погрешно, нашироко е прифатено мислењето дека пневматиците со кои се поминуваат повеќе километри се поквалитетни.

Вистината е спротивна – поквалитетните пневматици подобро прилепуваат за подлогата заради што и се трошат побрзо, додека оние кои држат послабо траат повеќе.

Сепак и за едните и другите важат неколку основни правила како да им се продолжи животниот век. Имено, тие се единствен контакт на возилата со патот и заради тоа тој треба секогаш да биде оптимален.

За да се постигне тоа, притисокот во нив секогаш треба да се одржува на пропишаното ниво – тој не треба да биде ниту повисок, ниту понизок.

Ако е повисок се нарушуваат возните карактеристики и комфорот, а ако е понизок се зголемуваат абењето на пневматиците и потрошувачката на гориво. Безбедноста и во двата случаи се загрозува.

Заради ова, притисокот во пневматиците треба да се проверува барем еднаш месечно и пред секое подолго патување. Доколку вашето возило е опремено со електронски систем за контрола на притисокот не верувајте му слепо и сепак проверувајте го рачно со помош на манометар.

Друго основно правило е да се погрижите тркалата секогаш да ви бидат балансирани, а предниот и задниот трап центрирани.

Исправната работа на сопирачките се подразбира, исто како и избегнувањето со поголема брзина да поминувате преку дупки или пак да се искачувате на високи тротоари.

За порамномерно трошење на пневматиците влијае и нивната повремена ротација но само од предната оска на задната и обратно, никако дијагонално – левото тркало треба да си остане на лева страна, а десното на десна.

 

На ова посебно треба да обратите внимание ако често возите со високи брзини или пак со оптоварено возило.

На векот на траење на пневматиците влијаат и вашите навики и стилот во возењето, но тоа сигурно нема да го смените.

За крај, не возете со зимски пневматици на лето.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети