СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

И Либан има електричен автомобил!

 

И земјата која три децении не може да се опорави од граѓанската војна и во која рестрикциите на струја се секојдневни, има електричен автомобил.

Означен како Quds Rise како што тие го нарекуваат Ерусалим, овој 100 отсто домашен електричен автомобил со футуристички облик е подготвен за производство.

Според зборовите на палестинскиот бизнисмен Џихад Мохамед роден во Бејрут кој своето богатство го има стекнато во Канада, треба да започне да се произведува летово.

Планот е да се пласираат по 10.000 возила годишно, по цена од 30.000 долари.

Низ земјата ќе се постават стотина полначи, кои заради рестрикциите на струја и честите дефекти на мрежата ќе бидат опремени со сопствени агрегати.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот