СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

И Виетнам има (електричен) коњ за трка

 

Во пресрет на своето глобално лансирање, виетнамскиот VinFast започна со подготовки за електрификација на гамата.

Компанијата за старт подготви палета од три електрични возила, од кои првото е кросовер од Ц-сегментот со должина од точно 4.300 и меѓуоскино растојание од 2.611 mm.

Моделот наречен VF e34 располага со електромотор од 150 KS и 242 Nm, а според најавите на VinFast со едно полнење на литиум-јонските батерии од 42 kWh ќе може да помине околу 300 km.

Во опремата меѓу другото му се наоѓаат системи за предупредување за напуштање на коловозната лента и надгледување на мртвите агли, задна камера, предни и задни паркинг сензори, автоматски светла, загревани седишта и управувач…

Дизајнерски воопшто не е некој убавец, но затоа има гаранција од цели 10 години, што сигурно ќе придонесе за интерес на купувачите кои веќе може да го нарачаат по цена од околу 25.500 долари.

Првите испораки во Виетнам се предвидени за ноември годинава, а веќе идната 2022-ра треба да започне да се пласира и на пазарите во Европа, Австралија и Северна Америка.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот