СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Италијанските карабиниери се вооружаа со Jeep Cherokee (Видео)

 

Jeep Cherokee облече полициска униформа и им се придружи на анти тероростичките единици на карабиниерите.

Тероризмот е глобален проблем со кој државите се борат со сите расположливи сили. Во таа борба сега се вклучува и Jeep кој ангажира 19 примероци од моделот Cherokee кои ги вооружа со 3.0 литарски V6 дизел со 190 коњска кавалерија.

За секој случај тука е и погонот на сите тркала со сите системи по кој е познат американскиот производител со италијански газди. Во случај на непосреден контакт со злосторите, полицискиот Cherokee е заштитен со блиндирани стакла, страници и пневматици.

Од приложениот видео материјал може да се забележи дека и внатрешноста е модифицирана и прилагодена за специфичните потреби на карабиниерите. Се забележува присуство на 7-инчен екран преку кој службениците на терен може во реално време да комуницираат со полициската база на податоци.

Инаку, соработката помеѓу италијанските полициски сили и FCA групацијата постои уште по завршување на Втората светска војна кога сите патролни возила беа од брендот, Alfa Romeo.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=mOGfdDqfmjw[/tube]

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV