СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

За колку време се исплатува електричниот автомобил?

Општо познато е дека електричните автомобили се далеку поштедливи, но и поскапи при набавката од конвенционалните, па се поставува прашањето за колку време ќе се исплатат.

Одговорот добиен во пракса го има полицијата од местото Баргерсвил од сојузната Американска држава Индијана, која лани за свои потреби набави Tesla Model 3.

Според нивната прецизна пресметка, возилото за една година експлоатација им заштедило точно 6.755 долари во споредба со Dodge Charger, кој што исто така е во нивна служба.

Конкретно, за една година бензинецот им проголтал 7.580 долари, најмногу на гориво, додека електричарот само 825, сите за струја.

Полицајците не кажуваат колку километри имаат поминато со возилата, но сигурно се многу бидејќи за тоа време маслото на Charger било сменето седум пати.

Математиката ја зачинува разликата во набавната цена на возилата – за Dodge Charger полицијата од Баргерсвил платила 33.612, а за Tesla Model 3 нешто повеќе – 41.945 долари.

Со оглед дека разликата изнесува 8.333 долари, тоа значи дека електричниот автомобил ќе им се исплати после само 15 месеци.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот