СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Започна продажбата на MG Motor

 

Пред официјалното отварање на новиот продажен салон за возилата од гамата на MG Motor – сместен во комплексот на Ми-Да Гранд Моторс – веќе се испорачани десетина возила.

Од почетокот на летово компанијата Grand Automotive Adriatic го презема регионалното дистрибутерство на MG Motor за државите настаните од бившата ЈУ-федерација и Албанија.

Според најавите првите возила на MG во салоните на Ми-Да Гранд Моторс требаше да пристигнат на почетокот на месец септември.

Ветеното се исполни, па сведоци сме на првите количини кои веќе се изложени во новиот салон на домашниот увозник.

Иако продажно-сервисниот центар сеуште официјално не е отворен, првите возила на MG веќе се испорачани на купувачите. Конкретно искажаниот интерес воопшто не е случаен туку се должи на позитивната перцепција која се создава при контактот со возилата.

За сега моделскиот состав се состои од SUV моделите MG ZS, кој припаѓа на Б-сегментот, и за еден број поголемиот MG EHS Plug-in Hybrid.

Пред да се осврнеме подетално на влезниот модел од современиот свет на MG Motor би сакале да ја споделиме инфромацијата според која на почетокот на 2023 година кај нас ќе бидат понудени и целосно електричните модели на брендот.

Признаваме, сознанието дека само по три месеци „електричарите“ ќе ни бидат достапни, звучи прилично возбудливо!

 

MG ZS

Семејниот SUV од Б-сегменот за прв пат е претставен во 2017 година, за да во 2020 доживее редизајн со кој е интервенирано на модернизација на изгледот, осовремена е моторната понуда и збогатена основната опрема.

Говориме за модел што во должина достигнува 4.323 mm која заедно со меѓуоскиното растојание од 2.580 mm придонесува за најголема просторна понуда и најкомфорно возење во класата.

Багажниот простор од 448 литри (со спуштање на седиштата се добиваат 1.375 литри) и стандардните кровни носачи се јасен израз на семејниот карактер на возилото.

Во понуда се два бензински мотори, четирицилиндерски атмосферец од 1,5 литри и трицилиндерски турбо мотор од еден литар.

Поголемиот VTi-Tech мотор ослободува 106 КС и вретежен момент од 141 Nm кои преку петстепенска мануелна трансмисија ги пренесува на предните тркала.

Трицилиндерскиот T-GDI, опремен со систем за директно вбризгување и засилен со турбо полнач може да испорачa максимални 111 КС (160 Nm), а силината ја пренесува преку мануелен менувач со шест степени или автоматик кој исто така знае да брои до шест.

Во поглед на перформанасите разликите се минимлни. Максималната брзина изнесува 175 и 180 км/ч исто како и забрзувањата од 10,9 односни 11,2 секунди.

Иако говориме за две различни по конструкција моторизации, потрошувачката им е идентична, 6,6 до 7,2 л/100 км.

Опремата на MG ZS е групирана во три различни пакети: Exsite, Exclusive и Luxsury.

Уште со основниот пакет се добиваат алуминиумски тркала од 17 цола, потоа инфо-забавен систем со екран од 10,1 инчи, комплетен сет од 8 воздушни перници, конективнсот за двата двата системи, безбедносна опрема за тргнување, стабилизација и сопирање, …  и уште дузина корисни додатоци.

Почетната цена за MG ZS е поставена на релативно поволните 19.400 евра и достигнува до 24.000 за најопремениот модел кој доаѓа со автоматски менувач, кожен ентериер, кровен отвор, …

И што можеби во моментов е најважно, обезбедени се доволни количини од сите варијанти на мотори и опрема.

MG ZS е дело на инженерите од централата во Лонгбриџ (во близина на Бирмингем) па затоа и фабричката гаранција од 7 години се смета за израз на довербата која кинескиот производител  ја има во производите наменети за европскиот пазар.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг