СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Еуроимпекс започнува соработка со Македонска Опера и Балет

 

Во пресрет на Мајските оперски вечери, Еуроимпекс и МОБ потпишаа меморандум за соработка при што и официјално беа предадени клучевите од Peugeot 3008 на Г-дин Ќазим Асотиќ – в.д директор на Македонска Опера и Балет.

Годинава публиката на Мајските оперски вечери, во нејзината официјална програма, ќе може да проследи 5 оперски изведби, по еден оперски и еден гала балетски концерт.

Како дополнително уживање во месецот на операта, Македонска Опера и Балет подготвува две изложби и две промоции на книги.

„Со 46-те Мајски оперски вечери имаме чест да Ви најавиме дека наш нов пријател на културата и на нашата институција е Еуроимпекс. Како љубители и поддржувачи на културата се надеваме на долгогодишна соработка во областа на балетската и оперската уметност.

Наша чест е што добиваме пријатели кои ќе се грижат за сите наши патувања да бидат сигурни, достоинствени и успешни. Наша „дестинација“ ќе  биде успехот на МОБ на европските врвни сцени“ – изјави в.д. директорот на МОБ г-дин Ќазим Асотиќ.

„Со големо задоволство можам да кажам дека на ваков автомобил и бренд со повеќе од 200 години постоење и традиција, сосема му прилега една институција како Македонска Опера и Балет која е основана во далечната 1947 година.

Исто како и овој бренд има зад себе мноштво успеси и постојано инвестира во своето работење и се стреми кон задоволување и поттикнување на вљубениците во уметноста, а зад која стои Г-динот Ќазим Асотиќ кој претставува најголем амбасадор на оваа институција, а од денес и амбасадор на брендот Peugeot на кој посебно му прилега автомобилот Peugeot SUV 3008“ – при потпишувањето на меморандумот помеѓу останатото истакна Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг