СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Електрични возила „Made in North Macedonia”

 

Договорот е веќе потпишан – во ТИРЗ Тетово ќе се произведуваат електрични возила од германскиот бренд Next.e.GO Mobile Se.

Политиката е сеприсутна во нашите животи. Констатацијата особено важи во областа на економијата.

Затоа и не е чудно што нашата влада тримуфално соопшти дека ќе влеземе во мапата на автомобилски производители, и тоа не било какви туку целосно електрични.

Опозицијата затечена од случувањата, во очаен обид за минимизирање на постигнатиот договор, се служи со прогнози и квалификации напишани од некосји таму политичко мотивиран „пишувач“.

Ако ги погледнеме фактите малку потрезвено ќе се соочиме со можноста Македонија да влезе во производство на градско возило со нулта емисија на штетни гасови.

 

Околу што не може да се спори?

Next.e.GO Mobile SE е германски производител на електрични возила со седиште во Ахен, Германија.

Компанијата е формирана во 2015 година под името e.GO Mobile. По две години интензивен развој, на Expo CeBIT во Хановер го претставува првиот прототип, e.GO Life.

Во средиште на проектот е професор Гинтер Шух (Günther Schuh) кој во 2010 год. ја основа компанијата StreeScooter, која пак, четири години подоцна ја продава на Deutche Post AG.

Производниот погон во Ахен почнува со работа во јули месец 2018, со проектиран годишен капацитет помеѓу 10 и 30 илјади возила.

Првите возила се испорачуваат во мај 2019, а честа да бидат први корисници ја имаат професорите од Универзитетот во Ахен и водечките регионални политичари.

Почетокот на производството воопшто не е лесен, но до крајот на годината сепак се испорачуваат околу 500 единици. Соочени со недостаток на електрични и електронски компоненти предизвикани од ударот на пандемијата, продукцијата привремено се прекинува.

И покрај пандемиските услови развојот на нови проекти продолжува (а тоа чини доста средства) па e.GO Mobile AG прогласува самоадминистративна несолвентност. По само неколку месеци холандскиот инвестицикски фонд, nd Industrial Investment B.V. влегува во компанијата како мнозиски акционер.

Компанијата се преименува во Next.e.GO Mobile SE, но притоа ги задржува управувачката структура и сите подружници.

 

Принципи на делување

Основната стратегија на делување на Next.e.GO Mobile SE е централизиран развој и регионално производство. Повикувајќи се токму на тие принципи се носи одлуката за предвидената инвестиција во Македонија.

Претходно таков договор потпиша и Кирил Петков кој лани беше министер за економија во бугарската влада.

Потписите помеѓу германскиот инвеститор и тогашниот министер беа ставени на документ во кој се предвидува во градот Ловеч да се произведуваат по 30 илјади единици од актуелните модели: e.GO Life 70, e.GO Life Sport и неодамна претставениот e.Go Life Cross.

Според плановите најголем дел од составните компоненти ќе бидат од бугарските погони на странските компании. ETEM ќе ја изработува алуминиумската шасија, Robert Bosch GmbH софтверот додека Yazaki ќе ги испорачува конекторите и електричните кабли.

Дали одлуката за инвестирање во Македонија сега изгледа многу пологично?

Во подготоввка: e.GO. Lux – градски превоз за 18 патници

Да, како предвесник на одлуката за таквиот чекор, во европското издание на Bloomberg од 28.07.2022 год, се известува и за соработката на Next.e.GO Mobile SE со инвестициски фонд од Грција и појавување на Атинската и Њујоршката берза, но и нови инвестиции во југоситочна Европа кои треба да се реализираат до крајот на годината.

Најнов продукт на германската компанија е моделот e.Go Life Cross кој беше промовиран пред неполн месец, а како амбасадор на брендот се појави ѕвездата на PSG, Нејмар. Случајно, на таа промоција присуствуваа и претсавници на „Еколог“ кои се партнери на германците во нашата земја.

 

Современа технологија

Моделската понуда на Next.e.GO Mobile SE се состои од , e.GO Life 70, e.GO Life Sport и e.Go Life Cross.

Во сите верзии се работи за компактен градски четирисед кој е поставен на алуминиумско подвозје, со мотор и погон сместени на задната оска. Максималната брзина на четириседот (должина од 435 cm) изнесува 122 км/ч, а до 50 км/ч забрзува за 4,3 секунди.

Основниот модел носи сет од литиум јонски батерии со капацитет од 21.1 kWh, кој напојува погонски мотор со силина од 57 kW. Потсетуваме, ова се перформансите на основниот модел, останатите два имаат поизразени капацитети и благо редизајнирана естетика.

Кој од овие модели и во која изведба ќе се произведува кај нас, сеуште не е објавено.

За големината на инвестицијата, учеството на домашниот партнер и висината на владините субвенции (веројатно според законите кои важат за ТИРЗ) сеуште нема податоци.

Сепак најважно е што и ние се приклучуваме на земјите производители на автомобили, и тоа не било какви туку со најсовремена германска технологија.

 

 

текст: Агрон Сулејман

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг