СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Електричните возила ќе преставуваат 55% од пазарот до 2030-та

 

Европската Унија цврсто е решена да ги исфрли возилата со класични мотори од своите патишта.

Целта е јасна – продажбата на возилата со мотори со внатрешно согорување да биде забранета почнувајќи од 1 јануари 2035 година.

Како меѓучекор поставено е и до 2030-та просечната емисија на јагленород диоксид на произведените возила да се намали за 55% во однос на онаа од годинава.

Следејќи ги насоките, аналитичарите на пазарот се зафатија со работа и пресметаа дека за да се постигне овој процент намалување на CO₂ ќе биде потребно електричните возила да бидат претставени со ист толкав процент.

Според нивните анализи, пазарот на нови автомобили во 2030-тата ќе го сочинуваат 55 отсто електрични возила.

Гледано од аспект на системот на електрификација тие би биле 10 отсто плаг-ин хибриди, 15 отсто обични хибриди и остатокот милд хибриди.

За поддршка на ова потребно е бројот на станици за полнење на батериите да порасне на 3,5 милиони.

Продажбата на електрични возила во земјите од Западна Европа лани зафаќаше околу 9 отсто – најголема беше во Норвешка каде изнесуваше 57%, а најмала во Грција, само 2%.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV