СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

До 2021 година Opel планира да понуди  8 електрифицирани модели

Opel продолжува со својата голема офанзива за електрификација. Уште во 2021 година, брендот од Риселхајм ќе понуди вкупно осум електрифицирани возила во важните продажни сегменти.

„Ќе го електрифицираме целото портфолио на производи до 2024 година.

Дополнителни модели ќе следат наскоро, откако годинава почнавме со Corsa-e и Grandland X Hybrid4“, рече Мајкл Лохшелер, извршен директор на Opel.

Следната година електричната верзија на транспортерот, Vivaro и електричната верзија на наследникот на Мока X ќе бидат додадени во понуда на електрифицирани модели на Opel.

Електричните варијанти на Combo и Combo Life заедно со електричната верзија на Zafira Life ќе бидат додадени во 2021 година.

Портфолиото на Opel за електрифицирани возила ќе вклучува и електрична верзија на следната генерација на Astra.

„Ова портфолио на производи ќе нè стави во одлична позиција да ги исполниме амбициозните идни цели за емисија на штетни гасови во Европа“, додаде Лохшелер.

„Електро-мобилноста“ е неопходна компонента во ова. Но, нашите ултра модерни и ефикасни мотори на внатрешно согорување и истражувањето за горивни ќелии во Центарот со седиште во Риселхајм, исто така, ќе дадат важен придонес за да ја направиме нашата компанија одржлива за во иднината“.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV