СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Директно соочување на Focus, Ceed и Mazda3

 

Споредба на моделите од “Ц“-сегментот каде владее огромна конкуренција, секогаш е повеќе деликатна отколку рутинска работа. Еден наспроти друг ги ставивме моделите на Ford, Kia и Mazda.

Во најуниверзалната европска класа сите производители имаат свои силни кандидати. Тука се води бескомпромисна војна помеѓу Golf, Astra, Corolla, Civic, Megane, 308, i30, … згора на тоа и играчите од премиум лигата: А-Class, Series 1, A3!

Во оваа прилика се одлучивме директно да ги споредиме Ford Focus, Kia Ceed и Mazda 3 со кои имаме и конкретни тестни искуства. При споредбите се земени основните верзии, со мотори кои располагаат со силина помеѓу 120 и 125 КС.

Интересно е притоа што Focus (125 КС) и Ceed (120 КС) имаат трицилиндрични турбо мотори со зафатнина од еден литар, додека Mazda 3 своите 122 КС ги црпи од двојно поголем атмосферски мотор со четири цилиндри.

Mazda 3 притоа со 446 cm е за цели 15 cm подолга од Ceed и 8 cm од Focus, а воедно и вкупната тежина како и меѓусокиното растојание ја пратат истата стратегија.

Kia Ceed и Ford Focus се претставени 2018 додека Mazda 3 година дена покасно. Иако се работи за возила од иста категорија, чувството при возење е различно кај сите три модели. Всушност се работи за автомобили со целосно различни карактери.

 

Ford Focus

Додека Focus се управува прилично директно, посебно изненадува живоста на моторот; реалната потрошувачка на нашиот тест беше навистина скромна, па дури и во случај кога ги активиравме поголемиот број од расположливите коњи.

Перформасните се последици на одлично конципираната механичка основа која очигледно има капацитет да се справи и со многу помоќни мотори.

Наградуваниот трицилиндерски мотор делува моќно, а искуствата говорат и за примерна доверливост. Шестостепенскиот мануелец работи во склад со богатата традиција на исклучителни менувачки кутии кои ги испорачува Ford.

Негативните изненадувања доаѓаат во вид на (пре)скапа доплата за дополнување на скромно конципираната сериска опрема. Во поглед на просторната понуда, впечаток е дека има уште доста простор за подобрување. Чувството на спортска стеснетост го има на сите седечки позиции.

 

Kia Ceed

Малиот турбо мотор од 120 КС во Ceed дојде како замена на мултипоинт атмосферецот од 1.4 литри кој испорачуваше 100 КС. Заменета е изнудена од строгите еколошки норми кои помалиот турбо без потешкотии успева да ги задоволи.

При возењето Ceed остава впечаток на исклучително балансиран, лесно котролиран, но и изненадувачки динамичен  автомобил. Возниот комфор исто така заслужува пофалби, највеќе поради одлично изведените изолации.

Иако најмал од трите модели, просторната понуда е прилично раскошна, и тоа на сите позиции. Голем плус на контото оди на адреса на основниот пакет на опрема кој, како принцип, е веќе одомаќен кај Корејците.

Без конкуренција е гаранцијата од седум години која е по принципот „од одбојник до одбојник“. Перформансите не се на ниво на конкурентите, а ниту реалната потрошувачка не е во согласност со декларациите.

 

Mazda 3

Најголема, најопремена и нормално, најскапа во оваа конкуренција. “Тројката“ на Mazda оддава впечаток на премиум претставник. Употребените материјали и изработката се за цело копје пред Focus и Ceed.

Елементи од опремата, како на пример „хедап“ дисплеј, електрична паркирна сопирачка, или цела низа автономни системи обезбедени од вградениот радар, кај конкурентите се добиваат само со повисоките пакети на опрема.

Возниот комфор е на очекуваното високо ниво, но во никој случај се нема впечаток дека под хаубата е сместен голем бензинец од два литра.

Номиналните 122 КС работат повеќе како да водат сметка за потрошувачката отколку за испорака на перфоманси. И покрај тој вграден карактер, пливањето наспорти текот (Downsizing) се наплаќа во вид на реално зголемена потрошувачка.

 

Ford Focus Kia Ceed Mazda 3
мотор 3 цил. турбо бензин  999 ccm 3 цил. турбо бензин, 998 ccm 4 цил. 1.999 ccm, бензин
силина 125 КС / при 6.000 120 КС/при 6.000 122 КС /при 6.000
вртежен момент 170 Nm /при 4.550 врт. 172 Nm / при 1.500 – 4.000 врт. 213 Nm / при 4.000 врт.
забр. 0 -100 км/ч 10.0 сек. 11.3 сек. 10.4 сек.
макс. брзина 200 км/ч 190 км/ч 197 км/ч
димензии 4.378×1.825×1.454 4.310×1.800×1.447 4.460x1795x1.435
тежина 1.247 kg 1.222 kg 1.289 kg
меѓуоск. растој. 2.700 mm 2.650 mm 2.725 mm
багажен простор 375 litri 395 litri 334 litri
просечна потр. 4.8 – 5.0 l/100km 5.2 l/100km 5.1 l/100km
емисија на CO2 107 – 114 gr/km 119 gr/km 117 gr/km
пневматици 205/55 R16 205/55 R16 205/60 R16
цена Trend 19.300 Vision 15.990 Comfort 21.480

 

Заклучок

Mazda 3 застанува на чело на трите различни по карактер возила. Иако цената е највисока, таа има дебело покритие во перфектната завршна обработка, одличната механика, високото ниво сериска опрема.

Второто место на Kia Ceed највеќе се должи на одличната избалансираност, поволната цена, добро конципираната опрема и ненадминливата гаранција.

Focus без конкуренција има најдобар мотор во класата „еден литар“. Дава одлични перформанси а за возврат малку троши. Најголемите адути на фордовиот претставник се сокриени длабоко под лимот а до израз ќе дојдат пo долгогодишна употреба. Високата цена и скромната стартна опрема се главни хендикепи на Ford.

 

  max Ford Focus Kia Ceed Mazda 3
цена 100     75     90     70
опрема   90     70     75     85
механика   80     70     65     75
завршна обработка   90     70     75     85
возни својства   90     85     75     80
комфор   70     55     60     70
оддржување   80     60     60     50
потрошувачка   90     85     80     75
функционалност   70     60     60     65
гаранции   80     75     80     70
естетика   60     50     50     55
вкупно 900  755  770  780
ранк      3      2      1

 

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Autoinfo

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови