СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во Австралија Mercedes-Benz го менува продажниот модел

 

Од почетокот на идната година германскиот автомобилски гигант низ целa Австралија ќе има унифицирани цени за сите модели.

Преговорите помеѓу раководството на Mercedes-Benz и 60-те национални дилери разместени низ цела Австралија траат веќе три години и деновиве треба конечно да завршат со потпишување на нови договори.

Во тие договори германскиот производител се обврзува целосно да ги преземе сите залихи, додека досегашните дилери да работат под диктат на производителот.

Основна разлика со досега важечкиот начин на работа е што на сите продажни места се планира да се воведат унифицирани цени на сите модели.

Системот на унифицирани цени би требало да важи од 01.01. идната година, а со него се предвидува дилерите да добиваат одреден процент за секое продадено возило.

Новиот систем на работа воопшто не ги одушеви дилерите кои сметаат дека ја губат мотивацијата за продажба.

Поточно, дека им ги ускратуваат досегашните релации со клиентите во кои тие имаат вложено многу труд и средства.

Но како што тоа најчесто се случува во економските релации, емоциите се ставаат на страна, а и принципалот не им остава многу опции на избор.

Сличен принцип, и токму во Австралија, од 01. јули годинава применува и Honda па противниците на унифицираните цени на прво место го истакнуваат фактот што на јапонците продажбата им е значително намалена.

Веројатно Mercedes-Benz ја користи Австралија – која годишно продава околу 30 илјади возила – како пробен балон за воведување на принципот на унифицирани цени и на останатите, многу поголеми, пазари.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот