СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Влез во виртуелниот свет на Volvo

 

На веб страната www.vovlocars.mk клеинтите кои се заинтересирани за нов Volvo атвомобил, oтсега ќе можат да направат виртуелна обиколка на салонот, а притоа да не биде загрозено нивното здравје.

 

Земајќи ја предвид ситуацијата во која се најде светот по избивање на пандемијата, а притоа кога се знае фактот што во Volvo безбедноста претставува апсолутен приоритет, домашните претставници на шведскиот бренд обезбедија нов начин за посета на салонот.

Во светот, виртуелните салони и online купувањето веќе се одомаќени, и во најголем дел одлично прифатени од купувачите. Нема причини истото да не биде применето и кај нас, па случајот со пандемијата само го забрза тој светски тренд.

Со едноставно пристапување на веб страната, клиентите можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама на Volvo. Во виртуелната реланост е вклучена целата XC гама (XC40, XC60 и XC90), како и моделите S60, V60CC и V90CC.

Покрај тоа што може визуално да се види секој детал на автомобилот, на видео прилогот може да се видат и други позиции кои ја објаснуваат вградената опрема.

До виртуелниот салон може да се пристапи од секаде и истиот, за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил, е достапен 24 часа. Се што треба да се направи е да се посети веб страната: www.volvocars.mk.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг