СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Автомобилите сé подобри, возачите сé полоши

Едно ново истражување ја покажа вистината во меѓусебниот однос на технологиите и вештините на возачите, која воопшто не изненадува.

Според стручњаците на американскиот институт за осигурување на безбедноста на патиштата IIHS и универзитетот MIT, бројните системи за помош се виновни зошто возачите се сé полоши.

Нивното истражување покажува дека е можен парадоксален пресврт со кој зголемувањето на напредните технологии ќе доведе до намалување на безбедноста.

Причините се чисто психолошки и во согласност со човековото логично резонирање дека ако автомобилот може да се згрижи за безбедноста, зошто и возачите мора да внимаваат.

Истражувањето е спроведено во тек на еден месец со следење на возачките навики на 20 волонтери при нивното привикнување на системите за асистенција.

Забележано е дека како тие станувале пофамилијарни со технологиите, така се намалувала нивната концентрација и внимавањето на сообраќајните услови.

Во бројки изразено, тие дури 12 пати почесто ги тргнале и двете раце од воланот за да чепкаат нешто на телефонот или низ кабината.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот