СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Авион или луксузна лимузина?

 

Невообичаената комбинација од млазен авион и луксузна лимузина е дело на американецот Ден Харис кој на проектот работи од 2008 година.

Авион без крила, се ризбира дека не може да лета. Но затоа може да се движи на автопат и покрај неговиот невообичаен изглед.

Сепак, овој проект има и патна регистрација, па полицијата во овој случај може само да проверува.

Всушност за Ден Харис може да се искажат само пофални зборови. Најмалку за неговата упорност и посветеност.

Цели 13 години тој вложи во преобразба на ислужениот Learjet кој претходно заврши со летечкиот живот. Операцијата за продолжување на неговиот земски живот треаше поприлично долго. Сепак на крајот сите беа среќни: Learlimuzine доби сообраќајна дозвола за движење по патиштата.

Погледот длобоко под задниот дел ни ја окрива погонската група – V8 Vortex мотор од 8.1 литри.

Без двоумење, станува збор за голем мотор позајмен од пикап. Максималните 330 КС (610 Nm) при само 1.400 вртежи го окрива карактерот.

За да се прикрие потеклото, конструкторот од Далас се одлучил да вгради акустичен систем со неверојатни 17 MW.

За секој случај, постои можност за емитување на глас на спортист од калибарот на Lamborghini или пак репродукција на глас на вистински млазен мотор.

Внатрешноста повеќемина ќе разочара, но тоа е веќе преференција на конструкторот. Кој очекува очекува раскошна внатрешност на еден Learjet благо ќе биде разочаран – внатрешноста наликува на ноќен клуб.

Уште за командната табла која е превземена од првата генерација на Silverado. За секој случај поставени се и команди на самиот кров, просто да не се заборави на генеричкото потекло на Learlimuzine.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот