СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Ќе дојде ли и во Европа? (видео, x 3)

Три ипол години од премиерата, стигнува освежена верзија на Mitsubishi Eclipse Cross.

Заедно со рестилизацијата, јапонскиот производител на овој кросовер му намени и плаг-ин хибридна варијанта.

Најголемата дизајнерска измена е што Eclipse Cross повеќе го нема необичното задно стакло од два дела, туку тоа сега е конвенционално решено.

Доби и поинакви задни светла, а изменети се и врата на багажникот, задниот дифузор и кровниот спојлер.

Предниот дел е поостро решен со повпечатливи светла и помала количина хромирани детали на сега црната маска, додека внатрешните корекции се помалку забележливи.

Она со што овој кросовер на Mitsubishi ќе ја зголеми својата пазарна атрактивност е плаг-ин хибридниот погон познат од Outlander PHEV.

Тој е составен од 2,4 литарски MIVEC бензинец и два електромотора кои му даваат погон на сите четири тркала.

Техничките детали за оваа погонска група која кај поголемиот брат располага со 165 коњски сили и електрична автономија од 45 километри, не се објавени.

И за досегашниот 1,5 литарски бензинец кој останува во понудата но со нов турбо компресор, техничките податоци не се познати.

Продажбата на обновениот Eclipse Cross ќе стартува следниот месец во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, а идната година и во САД. Европа засега не е во план.

Од овој модел Mitsubishi лани продаде 19.661 примерок во САД и 27.110 во Европа.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео