СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Флаута и ситар место сирени и труби

 

Индискиот министер за транспорт има сјајна идеја – да ги замени автомобилските сирени и труби со звуци попријатни за слушање.

Ако се погледне водич за патување во Индија, ќе се прочита дека на странските возачи им се препорачува да заборават сé што научиле и наново да се учат да возат таму.

Хаосот на индиските патишта навистина е хаос, главно предизвикан со бедната патна инфраструктура и уште победната возачка култура.

Затоа и постојаното и иритантно свирење на возилата, иако во суштина ништо не помага, е составен дел од тамошниот сообраќај.

За да го реши овој проблем кој добива неподносливи размери, индискиот министер за транспорт има сјајна идеја – да ги замени звуците на автомобилските сирени.

Тој изјави дека веќе подолго време го проучува ова и наскоро планира да предложи закон со кој сирените на возила треба да звучат како флаута и ситар.

Секако, тоа повторно нема ништо да промени во сообраќајот, но барем ќе биде попријатно за слушање.

Колку за информација, добивањето возачка дозвола во Индија чини 103 рупии што е 1,20 евра или, да не мислите дека нешто сме згрешиле, малку над 70 денари.

Авто-школа не се вози, лекарски преглед не е потребен а се полага теоретски и практичен испит кој се состои од тргнување, вртење лево и застанување после поминати 50 метри.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот