СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Уникатниот Bugatti La Voiture Noire подготвен за испорака

 

Повеќе од две години и вкупно 65.000 работни часа требаа Bugatti да го подготви овој автомобил вреден 11 милиони евра, без давачки.

Претставен на салонот на автомобилите во Женева во 2019 година, Bugatti La Voiture Noire тогаш беше најскапиот нов автомобил на пазарот.

Нормално, првото прашање за него беше кој е неговиот купувач, но и покрај шпекулациите за кои се тврдеше дека се вистинити, до ден-денес тој остана непознат.

Овој уникатен хиперспортист направен на основа на Chiron целосно изработен од карбонски влакна го има неговиот W16 мотор кој потпомогнат со четири турбо полначи испорачува 1.500 КS и 1.600 Nm.

Инспирација за него е пронајдена во далечното минато на марката, во легендарниот модел Type 57 SC Atlantic произведен во раните триесетти години од минатиот век.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот