СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Туристичко кругче низ F1 патеката во Монако [видео]

 

За 20 мај е закажана F1 трката која се вози по улиците на Монте Карло. Како изгледа патеката во деновите кога улиците се користат за секојдневен сообраќај?

Трки низ улиците на Монако се возат уште од 1929 година.

Во календарот на најбрзиот циркус на светот Монако е влезен уште од самиот почеток во 1950, веднаш добивајќи го епитетот за најважна и најгламурозна трка.

Посебна чест но и голем престиж е да се победи низ градските улици кои за време на Форумла 1 викендот се преуредуваат во посебно атрактивна тркачка патека.

Секој кој го посетил градот мора да поминал токму низ тие сообраќајници кои тешко може да се препознаат кога служат во „цивилни“ цели.

Погледнете го импресивното видео кое паралелно го покажува изгледот на улиците во секојдневието и кога тие се користат за трки на болидите од F1. Брзата преобразбата се должи на врвната организација, но и на екстремниот труд кој го вложуваат градските власти.

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео