СЛЕДЕТЕ НЀ

Интересно

Сешто има на овој свет!

 

И да беше дел од сценариото на филмот „Глупавиот и поглупавиот“ ќе беше тешко да се поверува во оваа приказна, но вистина е.

Еден криминалец од Флорида смислил генијален начин како да го уновчи украдениот автомобил.

Имено, отишол со него кај дилер на автомобили и побарал да направи старо за ново – да им го остави украдениот и да си замине со нов автомобил.

И навистина се обидел тоа да го стори, ама токму кај истиот дилер од каде пред само три дена го украл автомобилот што сакал да им го остави.

Можеби и ќе му успеало бидејќи вработените таму сфатиле што се случува дури откако почнале да ги подготвуваат документите и го внеле бројот на шасијата во компјутер.

Ако е за оправдување, во моментот на плацот на посочениот дилер на Chrysler Dodge Jeep RAM имало 270 возила, повеќето од половина употребувани.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно