СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Сепак и наредната пролет без Женева

 

И покрај вложените напори, организаторот на женевскиот салон на автомобилите не смогна сили за негово одржување идната пролет.

Позитивните сигнали кои доаѓаа сé до пред само една недела очигледно беа само одраз на желбите, а не и на можностите.

Реалноста испадна сосема друга, официјално заради здравствената криза условена со ковид-19 која ја погодува целокупната автомобилска индустрија.

Студениот туш уследи изненадно за јавноста но не и за спомената автомобилска индустрија бидејќи според најавите таа во широк лак го заобиколуваше салонот.

Оптимизмот сепак не е спласнат и организаторите уште сега најавија дека Женева ќе се врати во 2023 година.

Да сме живи и здрави дотогаш.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот