СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Разграбани субвенциите за електрични возила во Хрватска

 

Хрватите покажаа дека размислуваат зрело – ги разграбаа субвенциите за зелени возила во рекорден рок.

Бројка за Гинис – вкупно 5,8 милиони евра субвенции за електрични возила за граѓаните и компаниите во Хрватска пламнаа за неполни 2 минути!

Заинтересираните можеа да се пријават исклучиво електронски преку систем поставен на посебен сервер, само за оваа намена.

Системот беше подесен така да прекине да ги прима апликациите откако ќе се исполни квотата. А тоа се случи со светлосна брзина.

На двата јавни повика за субвенции (посебно за граѓаните и компаниите) пристигнаа вкупно 853 пријави, како што рековме за помалку од 2 минути.

Физичките лица поднесоа 546 пријави, од кои 470 за патнички возила. За нив државата ќе сноси до 40% од набавната цена или максимално 9.300 евра.

Останатите 76 пријави се за скутери, мотоцикли или квадрицикли за кои субвенциите изнесуваат до 2.650 евра, како и за плаг-ин хибридни возила на кои им следува двојно поголема сума.

За субвенции се пријавија и 307 правни субјекти, кои ќе можат да добијат дури и до 53.000 евра за набавка на камиони и автобуси на електричен, плаг-ин хибриден, водороден или погон на природен гас.

Хрватска успешно секоја година од 2014-та наваму доделува субвенции за еколошките возила. Оваа можност досега е искористена за набавка на вкупно 3.500 возила.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо