СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Произведени 2,5 милиони примероци од Fiat 500

 

Од монтажните ленти на фабриката на Fiat во Полска се симна 2,5 милионитиот примерок на Fiat 500.

Со оваа бројка Fiat 500 постави рекорд на полската фабрика во производство на еден модел – следат втората генерација на Panda (2.168.000 возила) и легендарниот 126p (2.166.000 возила).

Современиот Fiat 500 кој се произведува од 2007 година веднаш доживеа меѓународен успех – ја освои титулата „Автомобил на годината“ во Европа и стигна до купувачите во повеќе од 100 земји ширум светот.

Скоро 80% од продажбата на овој автомобил се продава надвор од Италија – најмногу во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Холандија…

Присутен е и во далечната Јапонија, но и на такви егзотични места како што се Кајманските острови, Курасао или Сен Мартин.

Минатата 2020-та година ја заврши како лидер во сегментот урбани автомобили во Европа, со досега најдобар пазарен удел од 17,7%.

Јубилејниот автомобил кој отиде кај купувач во Франција е 500 Hybrid, опремен со микро-хибриден мотор со 70 KS.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо