СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Претставен Volkswagen Multivan T7

 

Тивко, без многу помпа за разлика од моментите кога го најавуваше, Volkswagen ја претстави седмата генерација на Multivan.

На почеток, да нема забуна, нова е само патничката верзија додека досегашниот Т6.1 во комерцијалната изведба ќе остане и понатаму во понуда.

Но затоа она што е ново, навистина е ново – не само изгледот и адаптираната MQB платформа, туку и моторите и технологиите.

Така Volkswagen на Multivan T7 сега му намени два TSi бензински мотори – 1,5 литарски со 136 и 2,0 литарски со 204 KS, а за догодина и 2,0 литарски TDi со 150 коњи, сите со 7-степен DSG менувач.

Најголемата новост претставува плаг-ин eHybrid варијантата со 218 коњски сили добиени со комбинација на 1,4 литарски бензинец и електромотор.

Батериите се литиум-јонски со капацитет од 13 kWh и обезбедуваат поминување на електрични 50 километри, а менувачот е 6-степен, исто така DSG.

Како и во сите досегашни генерации, практичноста на внатрешноста е истакната со многу нешта како што се седиштата во вториот ред кои можат да се ротираат за 180 степени.

Од новите технологии  Multivan Т7 може да се пофали со Shift-by-wire систем, дигитална инструмент табла, 10-инчен мултимедиски систем, безжичен полнач за телефони, head-up дисплеј, автоматска рачна сопирачка…

Тука се и бројните безбедносни системи и асистенти на возачот како што се адаптивниот темпомат, одржувањето на возилото во коловозната лента, опционалните IQ.Light матрикс светла и друго.

Точниот датум за пазарно лансирање на новиот  Multivan кој ќе биде во понуда во верзии со две должини, не е објавен.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот