СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

„Позлатен“ Nissan GT-R се продава за 550.000 долари

 

Прилика која љубителите на екстравагантното не би требало да ја пропуштат – се продава „Позлатен“ Nissan GT-R.

Возилото направено во 2016 година од страна на јапонската тјунинг компанија Kuhl Racing во потрага по својот нов сопственик се најде во Дубаи, што не е случајно бидејќи за него се бараат 550.000 долари.

Но иако не е навистина позлатен, има причина зошто цената на овој уникатен Nissan GT-R е вака висока.

Имено, украсувањето на каросеријата е рачно направено со комплексна и сложена гравура на панели финиширани со хром, преку кои се нанесени неколку слоја златна боја.

Уникатна е и механиката – тркалата, спуштеното ослонување, задното прилагодливо крило, титаниумскиот издувен систем, … 3,8 литарскиот битурбо V6 мотор испорачува 820 KS, a во кабината се додадени уникатни Recaro седишта и хромирани спортски акценти.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот