СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Пазарот на автомобили во услови на пандемија

 

Во моментот производството на автомобили е парализирано; светската здравствената криза носи голема неизвеснот.

Времето на владеечката пандемија е исполнето со непознаници.

Додека светот се бори со алармантните бројки, се уште никому не паѓа на памет повторно да го рестартира производството на автомобили.

А и да сака тоа се чини како невозможна мисија.

Всушност, концентрацијата на повеќето од нив е пренасочена кон производство на машини и опрема преку потребни на здравството.

Се уште е рано за сумирање на загубите. Еден ден кога ќе помине смртоносниот грип, многу извесно, ќе се разбудиме со ситуација како по втората светска војна.

Во меѓувреме, трговците со автомобили се соочуваат со големи непознаници. Дали да се понудат возилата кои се затечени на лагер, можеби да се застане на ред за порачки кај принципалите, или пак да се почека развојот на ситуацијата.

Воопшто не се исклучува можноста и за глобално редефинирање на автомобилска индустрија! Многу прашања, базирани само на претпоставки. Никој се уште не знае на кое ниво ќе се обнови производството, па затоа однесувањето на трговците повеќе значи реагирање засновано само на интуиција.

Да потсетам, нивна работа е продажбата на возила, а возила во моментов никој не произведува, поточно тоа се прави во минимални количини. Ова највеќе се однесува на Европските и Американските фабрики; Кинеските производители и онака продаваат речиси исклучиво на сопствениот пазар.

Ferrari, Volkswagen, Lamborghini, PSA, … сите тие моментно ја исполнуваат својата социјална мисија и произведуваат медицинаска опрема. Меѓутоа, тоа сепак е наменето за националните потреби.

Од друга страна логично е да се постави прашањето: а кој тоа после кризата ќе може да си дозволи купување на нов автомобил? Барем кај нас. И тоа во услови при што тешко е да се очекува финансиска подршка од банките кои по кризата исто така ќе функционираат со ограничени ресурси.

Многу отворени прашања чиј одговор спаѓа во сферата на шпекулациите. Што се однесува на домашниот пазар прв повлече потег „Порше Македонија“ кој расположливите возила ги понуди со линеарно намалување од 1.000 евра.

Дали станува збор за визија, мудар бизнис потег или пак релевантни информации од производителот, ќе покаже иднината. Која, нели, сакаме да биде што е можно поблиска. Во секој случај за поздравување е секое вакво однесување. Ако ништо друго влева оптимизам во овие тешки прилики-неприлики!

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг