СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Официјално прикажан новиот Ford F-150

 

 

Ford ја претстави новата генерација на моделот F-150 за кој вели дека е најнапреден и најбезбеден пикап кој досега го имаат направено.

Новиот F-150 меѓу другото доби нов дизајн на предните светла, поинакви браници, крила и хауба, како и маска со различен изглед во зависност од верзијата.

Во внатрешноста се истакнуваат новиот управувач, поквалитетните материјали, дигиталните инструменти со големина од 8 до 12,3 инчи и централниот екран чувствителен на допир (од 8 до 12 инчи).

Тука се и Ford-овиот SYNC 4 инфо-забавен софтвер со поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и SYNC AppLink, опционалните B&O аудио системи со 8 или 18 звучници, бројните системи за асистенција на возачот кои вклучуваат автоматско кочење со детекција на пешаци, задна камера…

Во палетата посебно внимание привлекува хибридната верзија која комбинира 3,5 литарски V6 со електромотор со 47 KS, литиум-јонски батерии, систем на регенеративно кочење и 10-степен автоматски менувач.

Гамата конвенционални мотори се состои од основниот 3,3 литарски V6, 2,7 и 3,5 литарските EcoBoost и 5,0 литарскиот атмосферски V8 агрегат, а на поклониците на дизелот на располагање им е 3,0 литарскиот V6 мотор.

Што се однесува до цените, тие во Америка ќе се движат од 30 па до преку 70 илјади долари.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот