СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

Опасност која демне [2*видео]

 

Два видео примера, и двата од Кина, на лошо проектирани електрични возила.

Законите на физиката велат дека при полнењето (и празнењето) на батериите се ослободува топлина – колку полнењето е побрзо, толку таа е поголема.

Затоа батериите на електричните возила мора да имаат активен систем за ладење, а контролната електроника треба привремено да го прекине полнењето доколку се забележи пораст на температурата.

Но производителите на возила сé уште немаат доволно искуство за овој проблем, а некои очигледно и не го сфаќаат сериозно.

Овие видеа ја покажуваат реалната опасноста која демне доколку системот за ладење на батериите и контролната електроника се лошо проектирани или изведени.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV