СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Од 2030 година Renault ќе продава само елчектрични возила

 

Иако европските регулативи налагаат целосна електрификација на возилата од 2035, французите цели пет години до истекот на рокот веќе ќе нудат само електрични автомобили.

Шефот на Renault, Лука де Мео во изјава за медиумите потврди дека до 2030 година на европскиот пазар ќе нудат само електрични автомобили.

Оваа изјава на некој начин означува ревизија на плановите бидејќи до сега се знаеше дека до наредната декада ќе биде електрифицирана 90% од гамата.

Преостанатите 10% сеуште ќе бидат опремувани со класични мотори.

И покрај плановите за целосна електрификација, стратезите имаат и резервен план со кој се остава временски простор во кој поради нецелосната инфраструктура на полначи, на одредени пазари сеуште би се нуделе возила кои ќе носат мотори со внатрешно согорување.

Се очекува Dacia, како дел од Renault групата, последен да дојде на ред за електрификација, но секако и за романскиот бренд ќе важи определениот датум.

Поставените цели Renault ќе ги остварува во континуитет па така според утврдената динамика на ред е претставувањето на Megane E-Tech Electric, а веднаш потоа и Kangoo Van E-TECH Electric кој е развиен заедно со Mercedes-Benz eCitan и Nissan Townstar EV.

Во оваа низа на својот ред чека и Renault 5, целосно електрично возило дизајнерски инспирирано од прославениот претходник, а тој ќе биде еден од четирите новитети кои се очекуваат на пазарот во наредните три години.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV