СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Нов пакет електрични субвенции во Хрватска

 

Додека кај нас ги најавија па исфрлија од законот, Хрватска на своите граѓани и компании од 2013 година редовно им дели субвенции за електричните возила.

Фондот за заштита на околината и енергетска ефикасност на Република Хрватска подготви три типа субвенции за е-мобилноста, вкупно вредни повеќе од 7 милиони евра.

Граѓаните и фирмите ќе добијат по 2.9 милиони евра, но под различни услови, а дополнителни 1.3 милиони евра се наменети за полначи за електричните возила.

Предвидено е граѓаните да бидат субвенционирани со 40 отсто од вредноста на возилото – ако тоа е скутер, мотоцикл или квадрицикл со максимално 2.650 евра.

За плаг-ин хибриди двојно повеќе, а за електрични и автомобили на водород со солидни 9.300 евра. Електричните велосипеди нема да се субвенционираат бидејќи нив лани многумина ги препродале веднаш по купувањето.

Еден од условите е набавените возила да мора да останат најмалку две години во сопственост на тој што добил субвенции за нив, но тоа кај велосипедите не е можно да се контролира бидејќи не се регистрираат.

Затоа пак фирмите ќе можат да купат велосипеди, но и низа други категории возила, и тоа не исклучиво електрични.

Така хрватските компании ќе можат да сметаат на дури 53.000 евра помош за камиони и автобуси на електричен, плаг-ин хибриден, водороден или погон на природен гас.

Комби возилата ќе се субвенционираат максимално со 9.300 евра ако се електрични, на водород или природен гас, а плаг-ин хибридните со 5.300 евра.

За купување електрични велосипеди, но само меѓу 5 и 15 парчиња, хрватските фирми може да сметаат на по 660 евра субвенции.

Физичките лица ќе можат да добијат субвенции за само едно возило а компаниите за повеќе, но со максимален износ до 53 илјади евра. Субвенциите се доделуваат според принципот прв дојден-прв услужен.

Износот на субвенциите претходните години беше нешто поголем, но вкупната сума што се доделуваше беше помала заради што се разграбуваа за неколку часа.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо